| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Северна Кореја ја засили нуклеарната програма

severna-koreja-

Северна Кореја ги оствари заканите дека ќе ја унапреди програмата за нуклеарно вооружување, истакнал директорот на американската Национална разузнавачка служба, Џејмс Клапер.

Во писмениот извештај до одборот за разузнавање во Сенатот, Клапер навел дека Северна Кореја ги проширила погоните за збаготување ураниум во комплексот Нјогбјон и дека повторно го активирала реакторот што бил користен за производство на плутониум до неговото затворање во 2007 година, пренесува „Асошиејтед прес“.

И разузнавачката служба на Јужна Кореја, исто така, соопштила дека  реакторот повторно е вклучен.

– Севернокорејското нуклеарно оружје и ракетна програма претставуваат сериозна закана за САД како и за безбедноста на источна Азија – нагласува Клапер во извештајот.

Тој истакнал дека Пјонгјанг е посветен на развивање ракети со долг домет коишто може да ја загрозат територијата на САД.

Сателитските снимки направени овој месец покажуваат дека Северна Кореја работи на промена на главното место за лансирање ракети, 10 метри подолги од оние од 30 метри кои ги лансира во вселената пред една година, а се проценува дека лансирањето нема да биде можно пред март или април.

Лансирањето на триделната ракета Унха-3 во вселената 2012 година од западниот брег во САД беше протолкувано како загрижувачки знак дека Пјонгјанг се доближува до целта, ракети со нуклеарни боеви глави кои може да стигнат до Америка.

Северна Кореја тврдеше дека лансирањето е дел од мировна вселенска програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top