Краткиот игран филм „Девојчето со кибритчињата” во режија на Филип Матевски и продукција на „Квазар филм“ доби награда за најдобар краток филм на меѓународниот детски филмски фестивал Children’s India, кој се одржа од 20-ти до 24 јануари, соопшти денеска „Квазар филм“. Филмот е снимен според мотиви на истоимената приказна на Ханс Кристијан Андерсен, на локации во скопската чаршија. Премиерно беше прикажан во 2011 година на „Синедејс“ во Скопје и од тогаш е прикажан на 15 интернационални фестивали.
Сценариото го напишаа Филип Матевски и Ивана Нелковска, директор на фотографија е Душан Кардалевски, а продуцент Данко Димовски. Улогите ги играат Диана Стојковска, Ненад Начев, Катарина Илиевска и Јана Стојановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филмот „Очите на фотографката“ ќе го отвори третото издание на фестивалот „Богородичен покров“
-
Прв фестивал на нов европски филм: „Beach film festival“ на плажата „Оревче“ од 19-22 јули
-
Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал
-
Филмот „Види ја ти неа“ во официјална програма на фестивалот во Клермон, Франција