| четврток, 6 декември 2018 |

Закопаната мистерија ќе биде откриена – Македонија ќе одекне во светот

Нумеролошка прогноза – што нѐ очекува во 2014 година

Го­ди­на за му­дрост – ва­ка ну­ме­ро­ло­зи­те гле­да­ат на 2014 го­ди­на. Ве­лат му­дро­ста по­ве­ќе од зна­е­ње­то. Ми­на­та­та го­ди­на раз­го­ва­рав­ме со ну­ме­ро­ло­гот-ана­ли­ти­чар Ми­ми Си­ља­нов­ска- Гла­ви­нов­ска за тоа што ја оче­ку­ва Ма­ке­до­ни­ја во 2013 го­ди­на. Таа ре­че де­ка се ра­бо­ти за пра­ша­ње око­лу пре­зи­ме­то – Ре­пуб­ли­ка, а не име­то – Ма­ке­до­ни­ја.

Ќе се разг­ле­ду­ва­ат пред­ло­зи­те за брак. Европ­ска­та уни­ја зна­чи уни­ја или брак. Не­кои пред­ло­зи  не­при­стој­ни, дру­ги при­стој­ни. Ќе од­лу­чу­ва­ат да­ли Ма­ке­до­ни­ја ќе го про­ме­ни сво­е­то пре­зи­ме, ќе до­да­де уште ед­но или ќе оста­не на сво­е­то пре­зи­ме. Из­бо­рот е наш. Ова пра­ша­ње ќе би­де со ко­неч­но ре­ше­ние. Го­ле­ма е ве­ро­јат­но­ста дол­го­го­диш­но­то пра­ша­ње за спо­рот со име­то да би­де за­тво­ре­но,  ко­неч­но ре­ше­но во пер­и­о­дот ме­ѓу сеп­тем­ври 2013 и сеп­тем­ври 2014 го­ди­на – прог­но­зи­ра­ше  то­гаш Си­ља­нов­ска-Гла­ви­нов­ска, ко­ја наг­ла­си де­ка Ма­ке­до­ни­ја по­ве­ќе ќе би­де кон­цен­три­ра­на на вна­треш­на­та откол­ку на над­во­реш­на­та по­ли­ти­ка.

Но­стра­да­мус: Атен­та­ти врз че­тво­ри­ца пре­ми­е­ри

Во 2014 го­ди­на ќе би­дат из­вр­ше­ни атен­та­ти врз че­тво­ри­ца пре­ми­е­ри. Тоа ќе пре­диз­ви­ка ме­ѓу­на­ро­ден конф­ликт на по­лу­о­стро­вот Хин­ду­стан, кој во но­ем­ври ќе пре­диз­ви­ка тре­та свет­ска вој­на. Пр­во ќе се ко­ри­стат кон­вен­ци­о­нал­ни оруж­ја, по­тоа – хе­ми­ски и на кра­јот – нук­ле­ар­ни. Мал­ку­те­ми­на што ќе оста­на­т жи­ви ќе стра­да­ат од кож­ни бо­ле­сти и од рак. Евро­па ќе би­де пу­ста до 2016 го­ди­на. Кош­ма­рот ќе трае до 2025 го­ди­на. На­уч­ни­ци­те тол­ку­ва­ат де­ка на Исто­кот, во Ко­ре­ја, ќе се ро­ди ме­си­јан­ска лич­ност. Ако чо­веш­тво­то не го при­фа­ти, не го сфа­ти и не ги сле­ди не­го­ви­те ин­струк­ции, ќе поч­не свет­ска вој­на.

Не­из­вес­но­ста ќе на­пра­ви лу­ѓе­то да би­дат во па­ни­ка, но на­ме­сто да се обе­ди­нат, тие ќе дејс­тву­ва­ат на прин­ци­пот „се­кој за се­бе“. Во све­тот ќе ца­ру­ва­ат рам­но­душ­но­ста и без­за­ко­ни­е­то, и тоа ќе ги по­тко­па не са­мо лич­ни­те од­но­си , ту­ку и ме­ѓу­др­жав­ни­те до­го­во­ри.

Ќе има конф­ликт ме­ѓу две свет­ски ре­ли­гии. Пос­ле­ди­ци­те ќе би­дат се­ри­оз­ни, ќе за­ги­нат мно­гу лу­ѓе, ќе би­дат уни­ште­ни це­ли зем­ји. Во 2014 го­ди­на и при­ро­да­та на Зем­ја­та ќе би­де пред мно­гу иску­ше­ни­ја, про­ре­ку­ва Ми­шел де Но­стра­дам.

Тој пер­и­од про­дол­жу­ва. Си­ља­нов­ска–Гла­ви­нов­ска ве­ли до кра­јот на август 2014 го­ди­на сѐ уште сме во пер­и­од на за­о­кру­жу­ва­ње на про­це­сот на име­то, по­точ­но пре­зи­ме­то – Ре­пуб­ли­ка. Пре­зи­ме­то за не­кои, мо­же­би, е од мин­ли­ва ка­те­го­ри­ја, но не и име­то Ма­ке­до­ни­ја.

Чув­стви­тел­ни­от број 6, во кој Ма­ке­до­ни­ја е сѐ уште, од­нос­но ќе би­де до сеп­тем­ври 2014 го­ди­на, но­си мож­но­сти за из­бо­ри. Бро­јот 6 е по­вр­зан со од­го­вор­ни­те во до­мот, во се­мејс­тво­то, од­нос­но ро­ди­те­ли­те. Слич­но е и ко­га се од­не­су­ва за др­жа­ва­та, од­нос­но овој број е по­вр­зан со тие што ги но­сат глав­ни­те од­лу­ки – пре­тсе­да­тел, пре­ми­ер, ми­ни­стри, пр­ви лу­ѓе. Април, мај, ју­ни и ју­ли се ме­се­ци на ре­ла­ци­ја по­зи­ци­ја-опо­зи­ци­ја. Ко­рек­ции и по­го­ле­ми про­ме­ни ќе се слу­чу­ва­ат до сеп­тем­ври го­ди­на­ва, ќе се до­не­су­ва­ат но­ви за­ко­ни кои, пред сѐ, ќе се од­не­су­ва­ат на обра­зо­ва­ние, со­ци­јал­на ра­бо­та, ме­ди­ци­на – прог­но­зи­ра ну­ме­ро­ло­гот Си­ља­нов­ска–Гла­ви­нов­ска.

Numerology-9-656x390

Таа наг­ла­су­ва де­ка се мож­ни про­ме­ни на функ­ци­ја­та та­тко на др­жа­ва­та. Ну­ме­ро­ло­шки гле­да­но, мај е по­вр­зан со бро­јот 6, а и та­тко­то на др­жа­ва­та сѐ уште е во бро­јот шест по­ра­ди што мај е клуч­ни­от ме­сец за про­ме­ни.

Од ја­ну­а­ри го­ди­на­ва на­ша­та др­жа­ва е во бро­јот се­дум, ка­де што оста­ну­ва до сеп­тем­ври 2015 го­ди­на. Тоа е над­во­реш­ни­от цик­лус. До сеп­тем­ври, пак, сѐ уште ќе го има вли­ја­ни­е­то на бро­јот 7, а тоа е вна­треш­ни­от цик­лус. Се­дум­ка­та е по­све­те­на и на сед­ма­та умет­ност. Се­дум­ка­та е ми­сти­чен број, му­дрост (при­ме­на на зна­е­ње­то), цр­ква, све­ште­ни ли­ца, му­дри од­лу­ки за клуч­ни ра­бо­ти во нив­ни ин­те­рес, но и во ин­те­рес на др­жа­ва­та, од­нос­но на­ро­дот – ко­мен­ти­ра Си­ља­нов­ска – Гла­ви­нов­ска.

Ма­ке­до­ни­ја е број де­вет, а де­вет е со­вр­шен, не­мен­лив број, не­мен­ли­ва су­шти­на, и по­крај мно­гу­те пре­мре­жи­ња што ги ми­ну­ва. Го­ди­на­ва Ма­ке­до­ни­ја е во го­диш­ни­от цик­лус на бро­јот 7. Де­вет и се­дум се до­бри при­ја­те­ли, но не за со­е­ди­ну­ва­ње, од­нос­но за брак и за уни­ја. Зна­чи, брак или уни­ја го­ди­на­ва е пра­ктич­но не­воз­мож­но, па по­ра­ди тоа и не­по­треб­но, ду­ри и ако тре­ба да би­де „при­ну­ден брак“. Ну­ме­ро­ло­гот ко­мен­ти­ра – тоа е од ед­но­став­на при­чи­на, не­што што е при­ну­де­но, не мо­же да трае, со си­ла уба­ви­на не би­ду­ва.

Го­ле­ма­та тај­на

Ал­тер­на­тив­ни­те на­чи­ни на ле­ку­ва­ње и ис­хра­на­та ќе би­дат акту­ел­ни го­ди­на­ва. Спо­ред ну­ме­ро­ло­гот, ова ќе би­де пер­и­од на здра­ва хра­на, при­род­ни ча­е­ви, пер­и­од на еко­ло­ги­ја, чи­ста во­да, ал­тер­на­тив­ни из­во­ри на енер­ги­ја. Ќе се по­све­ти вни­ма­ние на дро­га­та и на ал­ко­хо­лот, од­нос­но се оче­ку­ва­ат но­ви­те­ти, об­вр­ски и но­ви за­ко­ни кои се од­не­су­ва­ат на ха­зард, ал­ко­хол и на дро­га.

Од­лу­ки­те кои би­ле из­бр­за­ни, не­по­треб­ни, ќе би­дат по­втор­но разг­ле­да­ни и про­ме­не­ти. Ова е вре­ме на ко­рек­ци­ја на тоа што не е во функ­ци­ја, а по­драз­би­ра прис­по­со­бу­ва­ње – ве­ли прог­но­за­та на Си­ља­нов­ска-Гла­ви­нов­ска.

Гер­ма­ни­ја ќе по­бе­ди на СП во фуд­бал

Кои ќе би­дат нај­го­ле­ми­те ве­сти во 2014 го­ди­на? Бар­на­би Фи­липс од „Ал Џа­зи­ра“ е еден од оние што пра­ват свои пред­ви­ду­ва­ња иа­ко не се­ко­гаш му се точ­ни. На  при­мер, ми­на­та­та го­ди­на пред­ви­де де­ка ќе ви­ди­ме мно­гу по­ве­ќе од Оба­ма, но и ко­не­чен пад на си­ри­ски­от пре­тсе­да­тел Ба­шар ал Асад. Тоа не го до­че­кав­ме. Но, по­го­ди де­ка Не­тан­ја­ху и Мер­кел ќе по­бе­дат на из­бо­ри­те во Изра­ел и во Гер­ма­ни­ја, грч­ка­та вла­да ќе се бо­ри уште ед­на го­ди­на, а Ен­ди Ма­реј ќе по­бе­ди на Вимбл­дон.

Фи­липс за го­ди­на­ва сме­та де­ка Шкот­ска ќе из­ле­зе на ре­фе­рен­дум за не­за­вис­ност од Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, а од­го­во­рот на гра­ѓа­ни­те ќе би­де „не“. Евро­зо­на­та ќе оста­не не­до­пре­на, но по­ли­тич­ка­та си­ту­а­ци­ја во Ита­ли­ја, Пор­ту­га­ли­ја и во Гр­ци­ја ќе оста­не ло­ша. Се оче­ку­ва пад на вла­да­та во ба­рем ед­на од овие зем­ји. На кра­јот од 2014 го­ди­на, Џу­ли­ен Асанж сѐ уште ќе би­де во Ам­ба­са­да­та на Еква­дор во Лон­дон, а Ед­вард Сно­у­ден и на­та­му ќе би­де во Ру­си­ја. Се­пак, Ју­ли­ја Ти­мо­шен­ко не­ма да би­де во при­твор во Укра­и­на. Ќе се слу­чи не­ви­де­на ту­ри­стич­ка на­ва­ла во Са­ра­е­во. По­се­ти­те­ли­те ќе ја од­бе­ле­жат 100-го­диш­ни­на­та од по­че­то­кот на Пр­ва­та свет­ска вој­на и ќе го по­се­ту­ва­ат ме­сто­то ка­де што бил уби­ен Франц Фер­ди­нанд.  Гер­ма­ни­ја ќе го освои  Свет­ско­то фуд­бал­ско пр­венс­тво и ќе би­де пр­ва­та европ­ска зем­ја што го осво­и­ла мун­ди­ја­лот на јуж­но­а­ме­ри­кан­ско коп­но.

Таа сме­та де­ка ова е го­ди­на на умет­но­ста, ли­те­ра­ту­ра­та, фи­ло­зо­фи­те, но и на дип­ло­ма­ти­ја­та. Го­ди­на на до­бри­те ора­то­ри, ар­би­три­те, ми­ро­твор­ци­те и на ду­хов­ни­те учи­те­ли.

Еден на­стан ќе би­де од мно­гу го­ле­мо зна­че­ње – се од­не­су­ва на ед­на го­ле­ма ми­сте­ри­ја ко­ја ќе би­де обе­ло­де­не­та. Тоа е од го­ле­мо зна­че­ње за Ма­ке­до­ни­ја, би се рек­ло за­ко­па­на ми­сте­ри­ја или чу­до. Тоа ќе одек­не и ќе ја од­бе­ле­жи 2014 го­ди­на, а ќе одек­не и над­вор од гра­ни­ци­те, па и во свет­ски рам­ки – прог­но­зи­ра ну­ме­ро­ло­гот Си­ља­нов­ска-Гла­ви­нов­ска.

Да го за­чу­ва­ме ми­рот

numerology2Го­ди­на­ва е важ­но да се има кол­ку е мож­но пос­ми­ре­но од­не­су­ва­ње. Си­те ние ка­ко по­е­дин­ци кои ја со­чи­ну­ва­ме оваа др­жа­ва да не при­до­не­су­ва­ме  за не­ред, ту­ку за ред и за сми­ре­ност. Сми­ре­ност, пред сѐ, во до­мот, во бли­ско­то се­мејс­тво, а по­тоа и во по­ши­ро­ко­то оп­кру­жу­ва­ње. Ка­кво ни е од­не­су­ва­ње­то, та­ква ни е и ид­ни­на­та, суд­би­на­та.

Ма­те­ри­јал­ни­от свет да, но ду­хов­ни­от мно­гу по­ве­ќе. Тоа тре­ба да ни би­де при­о­ри­тет го­ди­на­ва. Ќе мо­ра да ги за­си­ли­ме вер­ба­та и са­мо­до­вер­ба­та – ко­мен­ти­ра на­ша­та со­го­вор­нич­ка.

Ле­то на мож­но­сти

Ја­ну­а­ри и фе­вру­а­ри се не­по­вол­ни ме­се­ци, од­нос­но пер­и­од на сла­бост. По­треб­но е да се вни­ма­ва на парт­нер­ски­те од­но­си, ка­ко и ка­де се вло­жу­ва­ат па­ри. Овој пер­и­од но­си ло­ши про­е­кти или за­гу­ба на па­ри, па за­тоа е по­треб­на бла­го­вре­ме­на за­шти­та.

По­вол­ни­от пер­и­од, пак, или пер­и­од на си­ла и мож­но­сти поч­ну­ва на 21 ју­ни и трае до 20 август. Тоа, спо­ред ну­ме­ро­ло­гот, е од­ли­чен пер­и­од за пот­пи­шу­ва­ње до­го­во­ри.

Иван Ис­це­ли­тел: Нер­воз­на на­ци­ја во 2014 го­ди­на

Иван Ис­це­ли­тел е еден од оние вра­че­ви што зна­ат да нѐ нас­ме­ат со сво­и­те пред­ви­ду­ва­ња. Тој се обра­тил до Све­ти­от дух кој му ка­жал де­ка точ­но на Но­ва го­ди­на пр­во­то но­во­ро­де­но де­те во Ма­ке­до­ни­ја ќе би­де ма­шко, што и се слу­чи. За ја­ну­а­ри пред­ви­де по­ве­ќе со­о­бра­ќај­ки по­ра­ди бр­зо во­зе­ње, а за фе­вру­а­ри ве­ли ре­ла­тив­но ми­рен ме­сец со нер­воз­на на­ци­ја. За март пред­ви­ду­ва нап­на­тост и по­ли­тич­ки пре­ви­ра­ња, кои ќе тра­ат сѐ до април, ме­сец во кој ќе има­ме при­ти­сок од Европ­ска­та уни­ја. Во мај, спо­ред Иван, нѐ оче­ку­ва не­вре­ме со го­ле­ми поп­ла­ви, а во ју­ни и ју­ли Ма­ке­дон­ци­те ќе се ре­ла­кси­ра­ат и ќе има­ат до­бри ве­сти за нив­на­та ид­ни­на. За август ве­ли топ­ло и суш­но вре­ме што ќе ре­зул­ти­ра со го­лем број по­жа­ри во јуж­на Ма­ке­до­ни­ја. Во сеп­тем­ври и во октом­ври пред­ви­ду­ва ко­ле­ктив­на нер­во­за кај на­ро­дот и по­ли­тич­ки пре­ви­ра­ња, а ед­на јав­на лич­ност тра­гич­но ќе го за­гу­би жи­во­тот. Во но­ем­ври и во де­кем­ври ќе има по­вол­ни ве­сти за по­до­бар стан­дард за гра­ѓа­ни­те на зем­ја­ва.

Пишува: Билјана Зафирова

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top