| четврток, 6 декември 2018 |

Агенцијата за вработување ќе субвеционира вработување високообразован кадар

agencija za vrabotuvanje

Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) најави дека од понеделник стартува со реализација на мерката „Прва шанса“. Оваа мерка е наменета за високообразовниот кадар, поточно за младите што дипломирале во текот на 2012 и 2013 година.
„На младите лица преку оваа мерка ќе им дадеме шанса, веднаш по дипломирањето на некој од факултетите преку систем 3+6, да ја осознаат прво практичната работа, а подоцна да бидат вработени кај работодавци, кои ќе бидат субвенционирани“, рече директорот на АВРМ, Влатко Поповски.
Според Поповски, мерката за самовработување кај млади буди голем интерес бидејќи на тој начин своите бизнис идеи можат да ги преточат во реалност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top