Горан Пандев влезе во игра во 76. минута за Наполи на дуелот против поранешниот тим Лацио и беше таличен за успешен пробив во полуфиналето на националниот куп. Само 6 минути подоцна, откако го замени Хамшик, Пандев се радуваше на погодокот на Игуаин за победа од 1-0.
Во декември, лани, Пандев постигна гол и имаше асистенција до Игуаин во победата од 4-2 и тоа во Рим, а потоа реагираше темпераментно, со „поздрав“ кон Клаудио Лотито, престедателот на Лацио, со кој имаше проблеми при преминот во Интер. И овојпат, иако директно не учествуваше во акцијата за победничкиот гол, Пандев го „поздрави“ Лотито.
Последна пречка за тимот од Неапол на патот до финалето на италијанскиот куп ќе биде Рома. Во второто полуфинале ќе играат Фиорентина и Удинезе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.