| четврток, 6 декември 2018 |

Пентагон ѝ нуди помош на Москва за Олимпијадата во Сочи

soci-olimpijada

Пентагон повторно ѝ предложи на Русија помош во обезбедувањето на Олимписките игри во Сочи, следниот месец.

Москва, сепак, не пројави интерес кон тој предлог, изјави портпаролот на американското Министерство за одбрана, Џон Кирби.

Во телефонски разговор вчера министрите за одбрана на САД и на Русија, Чак Хејгл и Сергеј Шојгу, се договориле да утврдат комуникациски средства, кои ќе им дозволат на високи офицери од двете страни да комуницираат во случај на потреба за време на Игрите.

– Тие се согласија дека редовната размена на информации и дијалогот меѓу двете армии за време на Олимписките игри е добра идеја – додаде Кирби.

Зимските олимписки игри во Сочи ќе се одржат од 7 до 23 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top