| четврток, 6 декември 2018 |

Заменик-министерот Коњановски во посета на откупните пунктови на тутун во Прилеп

konjanovski

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски, денеска ќе ги посети откупните пунктови за тутун во општина Прилеп.

Според Сојузот на тутунските здруженија, од вкупниот род што тежи околу 30.000 тони тутун, преземени се преку 16.000 тони. Динамиката на откуп е зголемена, дневно се преземаат по 700 до 800 тони.

Тутунарите не се задоволни од просечната цена, која достигна 156 денари за килограм зашто, велат, родот е квалитетен.

Сојузот проценува дека во согласност со динамиката, родот од 30.000 тони може да се откупи до крајот на овој месец, пред законскиот рок, 15 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top