Хрватските власти во средата ја обвинија соседна Словенија дека складира азбест во близина до границата, и тоа на само стотина метри до населено место во Хрватска.
Претседателката на Одборот за здравство и социјална политика на хрватскиот Сабор, Романа Јерковиќ изјави дека на подрачјето на словенечката општина Илирска Бистрица, на само стотина метри од хрватското место Матуњ, складирани се 2.000 тони смртоносен азбесен отпад.
„Како е можно Словенија да го складира својот отпад на само стотина метри од хрватски домови“, запраша Јерковиќ, повикувајќи ги хрватските институции да покажат поголема решителност кон Словенија по ова прашање.
Заменик министерот за животна средина, Хрвоје Докоза одговори дека ресорното Министерство може да постапува само по пријава, но најави дека ќе биде побарано образложение од словенечката страна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.