| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдени човечки коски во Лешочкиот манастир

manastir Lesok

Неколку коски од човечки скелет биле пронајдени вчера во две поголеми дупки што засега непознати сторители во неутврдено време ги ископале во внатрешноста на стариот манастир „Свети Атанасиј“, што се наоѓа покрај патот Лешок-Брезно, на околу километар од истоимениот манастирски комплекс во Лешок, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

– Сквернавењето на овој верски објект вчера го пријавил претставник на Црковниот одбор од Лешок по што јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид во рамки на кој местото е фотодокументирано, а коските се подигнати за натамошни анализи. Се преземаат активности за расчистување на тоа, кој, кога и зошто прекопувал и што барал во манастирот, рече Јосифоски.

Според извори од истрагата, пронајдените коски се стари повеќе стотини години. Местото на стариот манастир „Свети Атанасиј“ кај Лешок честопати е мета на диви копачи во потрага по злато и други вредни предмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top