| четврток, 6 декември 2018 |

Измамничка собрала 7000 долари за лекување во Србија

lekari

СВР Куманово поднесе кривична пријава за измама против М.Н.(35) од Куманово. На 15 ноември лани пријавената со намера да прибави противправна имотна корист довела во заблуда 32-годишна жена од Куманово, од која зела 7.000 долари со ветување дека ќе среди да и биде извршена хируршка интервенција во Србија.

Откако оштетената видела дека од ветеното нема ништо, после еден месец си ги побарала дадените пари, но осомниченате негирала дека зела пари од неа, информира СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top