| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку десет лица загинаа во снежната бура во САД

Snow+in+U.S.
Најмалку десет лица загинаа во снежната бура „Немо“, која го погоди североисточниот дел на САД, покажуваат првичните податоци на полицијата.

Невремето ја предизвика смртта на пет лица во Конектикат, две во државата Њујорк, две во Масачусетс и едно во Њу Хемпшир.

Државите Њујорк, Масачусетс, Конектикат, Њу Хемпшир и Роуд Ајленд вчера прогласија вонредна состојба. Во некои држави височината на снежната покривка достигна над еден метар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top