Скопската населба Кисела Вода ќе добие нов плоштад во близина на економско-правното училиште, „Васил Антевски Дрен“, на површина од 400 квадратни метри.
Според проектот, кој треба да се реализира до крајот на февруари, плоштадот ќе биде поделен на два дела, парк со фонтана – чешма и детско игралиште. Градежните работи ќе ги изведува АД „Пелагонија Гостивар“, според проект изработен од проектантската куќа „Инпума“
Се работи за комплетна инвестиција на општина Кисела Вода во износ од 2, 1 милион денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.