
Европското биро за вработување (ЕУРЕС) објави детален извештај во кој се наведува дека во Норвешка се бараат инженери, наставници, медицински сестри, но и возачи на автобус, готвачи и келнери а просечната плата се двиши 4.500 евра.
На оваа скандинавска земја ѝ се потребни инженери, а посебно стручњаци за механика, електроника, автоматика, хидраулика и водовод, како и воспитувачи во предучилшна возраст, но и наставници во областа на природните науки и математики, доктори по медицина и медицински сестри, психолози, возачи на автобуси, таксисти, готвачи и келнери.
Компаниите во Норвешка моментно бараат инженери и стручњаци од различни профили. Според наводите на ЕУРЕС, за престој во Норвешка е потребно да се пријавите за дозвола за престој во период од три месеци во локалната полициска станица во таа земја. Странец во Норвешка може да остане шест месеци додека бара вработување.
Оваа земја е позната и по огромните резерви на сирова нафта, а се вбројува и меѓу најголемите извознички на морска храна во светот. Бруто домашниот производ (БДП) во Норвешка мометно изнесува 56.920 долари по жител. До масакрот во јули 2011 година кога Брејвик уби 77 лица Норвешка се сметаше за една од најсигурните земји во светот. На референдувмот 1994 година граѓаните на Норвешка одбија да се придружат на Европската унија (ЕУ), а според една неодамнешна анкета 80 отсто од Норвежаните не сакаат во ЕУ. Условитте за работа се меѓу најдобрите и најхуманите во светот. Платата се ислаќа на месечна основа, а вработениот работи 37,5 часа неделно, 7,5 часа секој работен ден, а максимално 40 часа во неделата. Вработените имаат во просек по 25 дена годишен одмор, а оние над 30 години старост имаат 30 дена годишен платен одмор.
Просечната плата е една од највисоките во Европа, но и во светот. Мометно во Норвешка, во просек вработените заработуваат 4.384 евра. Десет отсто најдобро платени Норвежани во просек заработуваат двојно, односно 8.541 евро, а десет отсто најмалку платени месечно заработуваат 2.460 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
„Киненова“: Ексклузивна програма „Фокус на Норвешка“ во Кинотека на Македонија
-
Мицкоски: Излажаа дека ќе ја зголемат минималната плата секоја година
-
За некого уште е сон: Просечната нето плата за август 24.210 денари


