| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на Нејмар призна дека Барса му дала 40 милиони евра

Tаткото и агентот на фудбалерот на Барселона, Нејмар да Силва Сантос, призна дека од каталонскиот клуб добил провизија од 40 милиони евра за неговиот син да премине во нивните редови од екипата на Сантош.

– Се што сакам е мојот син да може на мира да игра и да се подготви за Светското првенство во Бразил. Не се плашам да се појавам пред даночните власти на Шпанија и Бразил и да го објасни целиот трансфер – изјави Силва Сантос и додаде дека со Барселона се договорил да му уплатат пари, со цел каталонскиот клуб да има предност кога Нејмар ќе биде продаван.

Десет милиони евра се исплатени во 2011, а остатокот бил доплатен минатата година кога Нејмар потпиша договор со Барса. И покрај тоа, Силва Сантос изјави дека може да докаже дека на тој начин не е прекршен прописот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) која предвидува дека било какви парични договори се дозволни само шест месеци пред потпишување на договорот.

Сепак, оваа изјава на Силва Сантос претставува дополнителен проблем за сега веќе поранешниот претседател на Барселона Сандро Росел, кој поради прикривање на вистинскиот износ на трансферот му се заканува казна затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top