Македонскиот претставник во балканското шоу „Икс-фактор“, Даниел Кајмакоски, и вечерва имаше одличен настап.
Тој во четвртата по ред емисија во живо настапи прв со песната „Counting stars“ од „One Republic“ и доби одлични коментари од жирито, особено од неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ.
-Одличен избор на песна, ова е стил на музика кој треба да го пееш, современа поп музика – истакна Кристина Ковач.
-Кристина буквално го кажа сето она што јас сакав да го кажам. Не е лесно да се биде прв, гласот фантастичен и изгледот исто така – рече Кики Лесандриќ.
Јоксимовиќ рече дека Даниел е како и секој пат фантастичен, бидејќи песната е висока и тешка. Ти си од емисија во емисија се попосветен како ова да ти е семејство, подготвен си да се менуваш и имам впечаток дека одиш на се или ништо тука – истакна тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По триста перипетии Стојанчо од Гевгелија им покажа на Бугарите како пее славеј (ВИДЕО)
-
Скандал во финалето на „Икс-фактор“: Пијаната Никол плачела без престан
-
Ги воодушеви со пеењето, а кога го соблече фустанот, членовите на жирито занемеа (Видео)
-
Уште една суперфиналистка на „Икс – фактор“ издаде соло песна (ВИДЕО)



