Оскаровката Мерил Стрип, која го држи рекордот со најголем број на номинации од Американската филмска академија (дури 18), на едно гостување во емисијата на водителката Елен Деџенерис уште еднаш го покажа својот феноменален талент за глума.
Имено, водителката и даде на Мерил Стрип три „сценарија“ кои треба да ги прочита на различен начин.
Првото сценарио е рецепт за колачи кој актерката го одглуми заводливо, потоа имитира жена која се пораѓа додека чита извештај за сообраќајот, а најголеми овации кај публиката во студиото предизвика имитацијата на безволна тинејџерка која чита текст од Википедија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



