| четврток, 6 декември 2018 |

Му ја одзеле возачката на 106 години поради возење во пијана состојба

На еден Русин поради возење под дејство на алкохол му е одземена возачката на дури 106 години.

Возачот е стопиран на подрачјето Перм, а кога сообраќајците заклучиле дека вози пијан, веднаш го отстраниле од сообраќајот.

Поради тоа што претходно имал некои слични прекршоци му е изречена таква драконска казна. Настанот се случил во декември, но дури сега е објавен во медиумите.

Инаку, ова не е прв пат да се донесе ваква казна во тој регион на Русија. Веќе десетина луѓе исто така добиле драконски казни, и останале без возачки на период од 80 до 102 години. Тие имаат право на жалба за намалување на казната, но досега на никој не му била намалена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top