
Две стравотни сообраќајни несреќи синоќа го потресоа Тетово. Во двете сообраќајки се повредени вкупно осум лица.
Според податоците, првата несреќа се случила околу 21 часот на локалниот пат Тетово -Требош кога се судриле два автомобили „голф“, едниот со странски таблици управуван од 35-годишниот тетовчанец А.Ф. и другиот со скопски регистарски ознаки, со кој управувал 32-годишниот Б.А. од Тетово. Во несреќата со повреди се здобиле седум лица, од кои шест се задржани во болница, а еден е пуштен на домашно лекување.
Претходно, истата вечер дошло до уште една несреќа кога 60-годишниот А.Ј., управувајќи со своето „фиат пунто“, ја прегазил 53-годишната сограѓанка Ј.Т. која невнимателно поминувала на коловозот. За среќа, жената поминала со полесни повреди и веќе е пуштена дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


