Кинескиот Институт „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 29 јануари (среда), во холот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје организира програма за одбележување на кинеската Нова година.
– Пригодната програма ќе содржи изведби на кинески песни, таичи чуан, читање поезија од времето на династијата Танг и демонстрација како се прават „пелмени“, кои традиционално се јадат на дочекот на кинеската Нова година. Исто така, ќе се даде краток осврт за значењето на кинската Нова година, како и традиционалниот начин на кој се прославува – вели за „Република“ Елена Дамјаноска од Институтот „Конфуциј“.

Пелмени
Првиот ден од кинеската Нова година, кој секогаш паѓа во различен ден, во зависност од младата месечина, е 31 јануари 2014 година според Григоријанскиот календар. Оваа година е година на дрвениот коњ и треба да донесе брзина, успех и просперитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


