| четврток, 6 декември 2018 |

Сочувано името „Вардар филм“

„Вардар филм – Македонија“ е новата државна филмска институција. По 13 години е ликвидирана првата филмска куќа во поранешна Југославија, „Вардар филм“, и со одлука на Владата се формира нова национална установа „Вардар филм – Македонија“, која го зачува препознатливото име.

Дел од вработените ќе продолжат да работат во новата институција, а другите ќе бидат префрлени во други сродни институции. Вработените се задоволни што, конечно, е решен проблемот со „Вардар филм“. Во новата институција се планираат дополнителни пет вработувања. Паралелно со новиот процес, вработените најавуваат дека ќе побараат владата да им ги исплати и долговите за дел од платите.

– Основна дејност на новата национална институција ќе биде промовирање на македонските филмови во светот, логистичка поддршка на странски продуценти за снимање филмови во Македонија – изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

„Вардар филм“ беше основан во 1947 година и повеќе од четири децении беше единствен македонски филмски продуцент од кој произлегоа заначајни филмски остварувања во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top