| четврток, 6 декември 2018 |

Ја препознавате ли оваа црномурна девојка? (ВИДЕО)

Една од најубавите учеснички во „Икс-фактор“ беше гостинка на белградскиот концерт на српскиот актер Драган Гаги Јовановиќ.

Станува збор за младата пејачка, балерина, актерка и кандидатка во балканското шоу, Александра Секулиќ, која пееше пратечки вокали и беше во улога на Африканката Санадај.

428311_dsc3453_f

Александра во моментов паралелно со подготовките за следниот настап во живо на „Икс-фактор“, игра и на сцената на театарот „Ѕвездара“, каде што настапува во претставата „Добродојдовте во Србија“.

–  Морам да признаам дека имам многу обврски бидејќи, покрај пробите во театар, ревносно работат и на подготовките за настапот на „Икс-фактор“. Ако ова продолжи, ќе мора да се клонирам! – вели Секулиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top