| четврток, 6 декември 2018 |

Бекутан – македонска марка што ја надживеа СФРЈ

 

becutan

На листата од пет најголеми марки на поранешна Југославија кои го надживеаја распадот на заедничката држава и сѐ уште се продаваат одлично во целиот регион се наоѓа само една македонска марка, „бекутан“.

Телевизијата „Ал Џазира“ направила репортажа за марките што ја преживеале економијата на поранешната југословенска држава и успешно ја поминале трансформацијата во капиталистички систем, па направила листа на најпознатите марки што сѐ уште одлично поминуваат на пазарот.

Кремот за деца „бекутан“ на „Алкалоид“ – Скопје постои повеќе од 36 години и одлично се бори со исклучително силната конкуренција на пазарот на козметички производи во поранешна СФРЈ. Досега се произведени преку 45 милиони кремови, а марката „бекутан“ е препознатлива и за новите генерации во некогашните југословенски републики.

Освен „бекутан“, останати производи што го преживеаја распадот на СФРЈ се хрватскиот зачин „вегета“, мотоциклите „томос“, кексите „бамби“ и производите на фабриката за апарати за домаќинство „Горење“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top