| четврток, 6 декември 2018 |

Фетел со нов болид за нов шампионски поход

Шампионската екипа на Ред бул во Формула 1 го претстави болидот за 2014 година во Ксерез, Шпанија. Новиот болид го претставија четирикратниот шампион Себастијан Фетел и дебитантот во оваа сезона Даниел Рикард. Фетел со новиот РБ10 болид ќе се обиде да ја освои петтата едноподруго титула. Тимските возачи на Ред бул, заедно со шефот на тимот Кристијан Хорнер и главниот дизајнер Адријан Њуи, изјавија дека овогодишниот болид нема ништо заедничко со болидот од претходната година поради радикалните промени на правилата во Формула 1.
Тестирањето на болидот ќе почне в петок, додека следните тестирања се закажани од 19 до 22 февруари во Бахреин, како и од 27 февруари до 2 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top