Вкупно четири хотели, по два во Берово и во Пехчево, се градат во моментов во истичниот дел на Македонија. Два од нив треба да бидат готови оваа година, а другите два следната година, пишува весникот „Дневник“.
Се реконстуира и се доградува хотелот „Македонија“ во центарот на Берово и новиот сопственик најавува дека до јуни хотелот ќе биде комплетно завршен. Во него ќе има сауна, базен и мини спа-центар. Во беровската туристичка населба Суви Лаки од лани друга струмичка фирма гради атрактивен комплекс со куќи во етностил, од кои дел се завршени, со спортски терени, езерца, рибник, а луксузниот хотел треба да биде завршен в година.
Освен двата мали хотела во туристичката населба Равна Река, во Пехчево веќе 16 години, откако беше затворен хотелот „Панорама“, нема хотелски капацитет. За два-три месеци треба да биде завршен хотелот во центарот на градот на штипската фирма „Kит-Го“, која неодамна го купи и поранешниот хотел „Панорама“, чиј последен сопственик беше скопска „Славија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.