| четврток, 6 декември 2018 |

Либанска салата

табулех

Табулех (либанска салата) е освежувачка и здрава салата од бургур пченица (пола сварена, сушена и здробена пченица) и различен зеленчук, а се сервирра како предјадење или класична салата. Може да се јаде цела година бидејќи сите намирници кои се потребни за салатата ги има во секој момент на пазарите.

Некој пченицата ја потопува во студена вода, некој само ја мие и ја цеди, а натопена во лимунов сок и маслиново масло ќе ги прими сите вкусови и ќе биде уште повкусна. По желба, некои од состојките може да ги исфрлите, некои да додате…

Состојки:

1/4 шолја булгур пченица

1 лажица изрендана кора од лимон

1/4 шолја сок од лимон

1/4 шолја маслиново масло

1/2 ситно сечкан кромид

ситно сечкан магдонос

ситно сецкан свеж босилок

2 краставици, ситно сечкани, без средниот дел

домати

сол, црн-пипер

Подготовка: Во еден сад промешајте го сокот од лимонот и кората од изренданиот лимон, маслиновото масло, сол, црниот пипер и додајте ја пченицата и оставете ги во садот еден час, да омекне пченицата. Потоа додајте го ситно сечканиот кромид, магдоностот, босилокот, краставиците и доматите. Оставете неколку минути да се поврзат вкусовите, па потоа послужете.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top