| четврток, 6 декември 2018 |

Вработена во училиште суспендирана поради разголени фотографии

saut strit osnovno uciliste

Помошничка во основно училиште за специјално образование во Масачусетс била суспендирана од работа поради тоа што биле објавени фотографии на кои таа е разголена.

23-годишната Кети Пирсон, која хонорарно работела и како модел, привремено е отстранета од работното место откако нејзините колеги виделе фотографии на кои таа позира потполно гола или во скромни парталчиња.

kejti pirson ucitelka

Фотографиите ги добил директорот од анонимен испраќач, а во исто време атрактивната русокоса се појавила гола на насловната страница на магазинот „Моделс манија“. Истите фотографии биле испратени и до локален весник со порака: „Можете ли да поверувате дека оваа девојка е вработена во училиште за специјално образование?!!“

Советот на училиштето сѐ уште утврдува дали дополнителната работа на девојката ѝ влијаела врз извршувањето на работните задачи во училиштето.

keti pirson2

Родителите на децата од училиштето биле поделени во мислењата. Додека едни сметаат дека ја осудуваат нејзината постапка, други немаат проблем со нејзината дополнителна работа.

– Таа, најверојатно, ја остава работата на работа и ја одделува нејзината кариера како модел од учителската кариера – вели родител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top