| четврток, 6 декември 2018 |

Мартич: Уживање e да се игра во „Пионир“ против Партизан, уште поубаво кога ќе се победи

marticСтратегот на МЗТ Скопје, Зоран Мартич, не го криеше воодушевувањето од големиот триумф на својот тим на гостувањето против Партизан. Честитајќи им ја победата на своите кошаркари, тој најави дека МЗТ ќе настојува на сите натпревари до крајот на сезонава да игра во ист ритам, со желба да се стигне до што повеќе победи, пренесе Екипа.мк

-Мислам дека за секој кошаркар е уживање само да игра во „Пионир“ против Партизан, а чувството е уште поубаво кога ќе се победи. Играме добро во последно време, а оваа победа е мелем за раните по последните несреќни порази. Можам само да им честитам на своите играчи, сите гостувања се тешки, но ние покажавме дека можеме да играме против сите. Ќе настојуваме и следните мечеви да ги играме во ист ритам, па ќе видиме каков ќе биде исходот – изјави Мартич.

Задоволен од оваа победа беше и Стефан Синовец, кој откри дека „сино-белите“ во мечот влегле без страв, верувајќи дека можат да го изненадат големиот фаворит.

-Одлично се подготвивме за оваа средба, игравме сконцентрирано цело време и знаевме дека можеме да ги изненадиме поради нивниот замор. Мислам дека според квалитетот сме меѓу првите четири тима во АБА-лигата – порача Синовец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top