| четврток, 6 декември 2018 |

Совет за безбедност: Да не се плаќа откуп на киднаперите

oonСоветот за безбедност на Обединетите нации ја одобри резолуцијата со која сите зeмји се повикуваат да не им плаќаат откуп на киднаперите бидејќи со тие пари се финансираат терористичките групи, пренесе Канал 5.

Британскиот амбасадор во ОН Марк Лајол Грант кажал дека земањето заложници станало главен извор за финансирање на терористичките организации. Според него, со резолуцијата се праќа јасна порака дека меѓународната заедница е единствена во намерата киднапирањето веќе да не биде профитабилно за терористите. Резолуцијата, што денеска ја одобриле 15 членки на СБ, е задолжителна за 193 земји членки на ОН, но не предвидува казни за нејзино непочитување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top