Премиерот Никола Груевски и Хојт Брајан Ји, заменик помошник на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на Соединетите Американски Држави, ги поздравија одличните политички и економски односи помеѓу Република Македонија и САД и истакнаа задоволство од континуираниот тренд на унапредување на соработката во сите сфери од заеднички интерес, соопшти владината прес-служба за средбата која попладнево се одржа во Владата на РМ.
Премиерот Груевски ги истакнал преземените реформи за унапредување на стандардите во европските и евроатлантските интеграции како стратешка цел на државата.
– Тој додаде дека Република Македонија високо ја цени поддршката со која Соединетите Американски Држави придонесуваат во процесот на реформите и во меѓународните односи на нашата земја. Премиерот Груевски ја истакна посветеноста на нашата земја во процесот кој се води под покровителство на Обединетите нации за надминување на разликите од наметнатиот спор и за напредок во европските и евроатлантски интеграции, соопшти прес-службата на Владата.
Двајцата соговорници изразиле задоволство од соработката во областа на економијата и искажале интерес за понатамошно унапредување и динамизирање на економската соработка во сите области. Притоа биле акцентирани поволностите кои Република Македонија им ги нуди на странските инвеститори и позитивните трендови на инвестиции на американските компании во земјава, кои придонесуваат во економскиот развој и во отворањето нови работни места.
– Премиерот Груевски и заменик помошникот секретар Ји позитивно ја оценија соработката на двете земји во рамките на НАТО и во рамките на меѓународните мировни мисии и придонесот кој нашите мировници го даваат во активностите на НАТО Алијансата, стои во соопштението за средбата на Груевски и Хојт Брајан Ји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


