| четврток, 6 декември 2018 |

Обама се подготвува за говор со кој ќе го врати рејтингот

обамаАмериканскиот претседател Барак Обама се подготвува за обраќање до нацијата пред Конгресот во вторник, трудејќи се да се врати на позиција од пред  минатогодишните законодавни уназадувања кои му донесоа слаб рејтинг кај гласачите, пренесе Глас на Америка.

Конгресот минатата година го порази обидот на Обама  за нова легислатива за контрола на оружјето и промените во имиграционите закони застанаа. Истражувањата покажуваат дека неговиот рејтинг е под 40 проценти, што падна заедно со лошиот почеток на неговите реформи во здравствениот систем.

Во говорот за Состојбата на унијата, соработниците на Обама велат дека  тој ќе ја потенцира неговата  работа на намалување на економската нееднаквост  во државата, повикувајќи на програми за поттикнување на креирањето на работни места и зголемување на работниците со ниски примања.

Прес-секретарот на Обама, Џеј Карни, вели дека претседателот ќе работи со Конгресот  кога ќе може за поттикнување на економската добросостојба  на средната класа,  но ќе делува унилатерално кога ќе смета дека тоа е неопходно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top