Агенцијата за електронски комуникации почна со преселбата на администрацијата од зградата на Стопанска комора, во барокниот објект на кејот на Вардар, меѓу Археолошкиот музеј и ротондата каде треба да се смести Финансова полиција.
Оваа одлука денеска беше донесена на Комисијата за транспорт и врски, а причина е привршување со внатрешното уредување на објектот.
Претставничката на АЕК пред пратениците образложи дека администрацијата е во фаза на преселба, дека дел од службениците и опремата веќе се наоѓаат во канцелариите во новиот објект, додека останатиот дел ќе се преселува етапно.
Изградбата на новата зграда на АЕК инаку, чинеше повеќе од 10 милиони евра, пари обезбедени од Агенцијата. Фасадното обликување, пак, е дел од низата барокни решенија кои се применја на објектите во непосредна близина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


