| четврток, 6 декември 2018 |

Европските акции на најниско ниво

berza-1Европските акции се стабилизираа во понеделникот на најниско нивоза повеќе од шест месеци, при што во фокусот на инвеститорите и натаму е на подзапирањето на растот на економиите во развој, со дополнително разочарување во телекомуникацискиот и енергетскиот сектор.

Лондонски FTSE падна за 2,79 отсто на 6.584, франкфуртски DAX порасна за 0,03 отсто на 9.389 поени, додека париски CAC беше во плус 0,14 отсто и изнесуваше 4.167 поени.

Инвеститорите стравуваат од нови турбуленции на пазарите во развој пред можната овонеделна одлука на американската централна банка за намалување на месечниот износ на откуп на обврзници за дополнителни 10 милијарди долари.

Редовниот месечен состанок на одборот за монетарна политика на Фед започнува во вторник и ќе трае два дена. Одлуката за програмата за поттикнување би требало да биде објавена на крајот од состанокот.

Телекомуникацискиот сектор и енергетските акции денеска беа најголеми губитници, при што телекомуникацискиот сектор претрпе тежок удар откако американскиот мобилен оператор AT&T соопшти дека не планира да ја преземе британската групација Vodafone. Европскиот индекс на телекомуникациски сектор ослабна во просек 2,4 отсто.

Енергетските акции паднаа, пак, за 2,3 отсто, предводени од BG, кој предупреди дека производството во оваа и во наредната година ќе биде помало од очекуваното. Цената на акцијата на BG паднаа за 15,3 отсто, а на Vodafone за 5,8 отсто.

Банкарските акции исто така беа под притисок поради загриженоста за нивото на капиталот на банките. Европскиот индекс на банкарскиот сектор ослабна во просек за еден отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top