| четврток, 6 декември 2018 |

Бојега како Џеси Овенс

john-boyegaЏон Бојега ќе го глуми американскиот атлетичар Џеси Овенс во биографскиот проект „Трка“ на режисерот Стивен Хопкинс, пренесува Варајати.

Ана Вотерхаус и Џо Шрапнел се сценаристи на приказната за човекот кој на Олимписките игра во Берлин 1936 година се запиша во олимписката историја освојувајќи четири златни медали на 100 и 200 метри, скок во далечина на штафетата 4 пати по 100 метри. Снимањето би требало да почне во мај, меѓу другото и на стадионот во Берлин. Филмот со работен наслов „Трка“ во кината се очекува на пролет во 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top