Научниците сметаа дека дебелината влијае многу повеќе на здравјето на човекот отколку што се верува и истакнуваат дека посебно ги загрижува бројот на децата и тинејџерите со прекумерна тежина.
Лицата со поголема килажа, во просек, умираат четири години порано од тие кои имаат тежина во граница на нормалата, објавија истражувачите на американскиот универзитет „Сити“ во Њујорк.
Според студијата, најголемо зголемување на ризик од прерана смрт е воочено кај лица кои имаат проблеми со дебелината во средовечните години. Во истражувањето се користени податоци од 1988 година, при што се покажало дека дебелината е причина за смрт кај најмалку 20 отсто лица.
Неодамна е издадена една данска студија во која се тврди дека мажите со зголемена телесна тежина во раните деведесети години на минатиот век имале двапати повеќе шанси да умрат пред да наполнат 55 години, за разлика од нивните врсници кои имале тежина во рамките на нормалата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.