Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска имаше средба со новоименуваниот заменик на помошник-државен секретар на Соединетите Американски Држави, надлежен за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент, Хојт Брајан Ји, кој престојува во работна посета на нашата земја.
Во рамки на актуелните внатрешни и надворешно-политички состојби, министерот Никола Попоски го информираше високиот функционер на Стејт департментот за реформските процеси и активности кои ги презема Владата на Република Македонија, со цел поскорашна интеграција на нашата држава во НАТО и во Европската унија.
За време на средбата, соговорниците разменија мислења за повеќе актуелни прашања, со посебен акцент на очекувањата за понатамошна поддршка од Соединетите Американски Држави, во процесот на нашата евроинтеграција. Во оваа насока, Хојт Брајан Ли ја произнесе непроменетата принципиелна американска позиција за поддршка на нашите евроатлантски аспирации, особено во контекст на следниот самит на НАТО, кој ќе се одржи во септември оваа година во Кардиф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.