| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од Вељаноски по повод празникот Свети Сава

g_trajko-veljanoski111Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, им го честита празникот Свети Сава на припадниците на српската етничка заедница во земјава.

Преку негувањето на националните празници како денешниот, посветен на најголемиот српски просветител и светец, кој е препознатлив симбол на српскиот народ, нагласува, најдиректно се почитуваат традиционалните вредности.

Српската заедница во Република Македонија, заедно со останатите, преку индивидуалните успеси, истакнува во честитката Вељаноски, придонесува во унапредување и напредок на државата во сите полиња на општествениот живот, но треба да продолжиме континуирано да работиме на меѓусебно разбирање и зближување на сите граѓани.

– Сакам да истакнам дека во Република Македонија имаме заедничка определба за почитување на верските права и културните особености, а со тоа придонесуваме во градење европска и демократска Република Македонија во која се промовира недискри­минацијата и се овозможува еднаквост за сите граѓани – стои во честитката од претседателот на Собранието Вељаноски по повод празникот Свети Сава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top