Јапонската компанија „Равијор“ се сети да направи градник кој ќе се откопчува само со вистинска љубов. Сензорот вграден во него ги мери отчукувањата на срцето, кои кога ќе ја надминат одредената граница, градникот автоматски се откопчува.
Градниците досега имаа претежно естетска улога, но отсега ќе имаат и заштитничка, односно овој градник нема да може секој да го откопча.
Целта на компанијата била со овој градник да ја спасат жената од сексуални напади од страна на мажите.
Дизајнерот на овој иновативен производ, за чудо, е маж. Тој објаснил дека градникот се откопчува на сензор кој го мери пулсот на жената, кој открива дали таа е возбудена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.