| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов со честитка за Св. Сава: Да се обединиме за да создадеме подобра иднина

ivanov-presss-5

Претседателот Ѓорге Иванов упати честитка по повод големиот празник Свети Сава.

– Денешниот празник е посветен на една од најзначајните личности на српската историја и црква. Денот на свети Сава претставува еден од најзначајните верски и национални празници на српскиот народ, насекаде во светот. Српската, како и другите етнички заедници во Република Македонија, преку негување на традицијата и наследството од старите генерации гради цврсти односи на заемно почитување, разбирање и унапредување на општествениот и целокупниот развој на земјава. Одбележувањето на денот на свети Сава, српскиот светец, просветител и државник, значи прославување на неговата мисла и дело, но и почит кон припадниците на српската заедница во земјава, кои учествуваат во создавањето и во зајакнувањето на Република Македонија на економски и општествен план. Славејќи го денот на првиот српски aрхиепископ ја потврдуваме заедничката определба за соживот, меѓусебно разбирање и доверба. Во духот на неговото живеење и учење, да ги потврдиме заложбите за негување и за почитување на заедничките вредности, да се обединиме во заедништво за да создадеме подобра иднина и поубав живот за сите наши граѓани. Ви посакувам добро расположение, среќа и благослов – стои во честитката упатена до граѓаните.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top