Европската Унија сериозно ја разгледува можноста да се обрати на Светската трговка организација (СТО) со низа жалби за Русија. ЕУ е разочарана од односот на Русија кон оваа организација, вели во интервју за „Волстрит журнал“ (The Wall Street Journal), европскиот комесар за трговија Карел де Гухт, пренесува „Руска реч“.
Тој бил разочаран од активностите на Русија кон СТО во врска со низа на прашања, со што Русија не ги исполнува своите обврски кон оваа организација. Притоа одби да коментира на што конкретно ЕУ ќе се жали.
Москва моментално во рамките на СТО е обвинета од ЕУ поради начинот на наплатување на данокот за користење на автомобилите. ЕУ, најголемиот трговски партнер на Русија, и натаму има забелешки на процедурата за справување со оваа давачка во Русија иако од годинава стапија во сила амандманите на руските закони, со кои се изедначуваат условите за плаќање на автомобилите од руско и странско производство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


