Милан се спаси од пораз со експресен финиш и два гола на Балотели и на Пацини во последните 3 минути од дуелот со Калјари, за целосен пресврт и победа од 2-1 на гостински терен, а таков подвиг не и успеа на Фиорентина. Вечерва на „Артемио Франки“ во Фиренца, виолетовите ремизираа, 3-3, против Џенова во меч со многу возбудувања, пресврти, пенали и шанси.
Аквилани постигна хет-трик за Фиорентина, домаќините на двапати анулираа по еден гол негатива, стасаа до 3-2, но не успеаја да ја задржат предноста. Џилардино, Антонини и Де Мајо беа стрелци на головите за Џенова.
Изненадување направи Катанија со реми без голови против фаворитот Интер и тоа во Милано, а на останатите денешни натпревари од 21. коло во Серија А доминираа домаќините.
Резултати: Калјари – Милан 1-2, Интер – Катанија 0-0, Ливорно – Сасуоло 3-1, Парма – Удинезе 1-0, Сампдорија – Болоња 1-1, Торино – Аталанта 1-0, Фиорентина – Џенова 3-3, Верона – Рома 1-3. Вчера: Наполи – Киево 1-1, Лацио – Јувентус 1-1.
Табела: Јувентус 56, Рома 50, Наполи 44, Фиорентина 41, Интер 33, Торино, Парма и Верона по 32, Милан и Лацио по 28, итн….
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.