| четврток, 6 декември 2018 |

Сексот ве прави попаметни

Постојат многу причини да имате секс, а сега на повидок е уште една, а можеби и една од подобрите.

Неодамнешното истражување објавено во „Brain Research Journal“, вели дека сексот може да ја зголеми мозочната активност и интелектуалниот капацитет.

Корејските научници спровеле низа експерименти врз лабораториски глувци, со цел да видат како оваа „дисциплина“ ќе се одрази на нивната мозочна активност.

Резултатите велат дека како резултат на сексот, не само што се зголемила невролошка активност, туку траела и до 24-часа по сексуалниот акт, дури и кога глувците биле изложени на стрес-тест по самиот чин.

Се разбира, менталната способност на глувците е далеку од онаа на луѓето, но сепак, студијата може да ви послужи како дополнително убедувачко средство за да завршите во кревет со партнерот/ката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top