| четврток, 6 декември 2018 |

Ја нуди секс-снимката со сопругата за да докаже дека не се оженил за документи

rogerioАвтомобилистот Рожерио Скотон од Флорида се наоѓа пред судот поради обвинение од дури 26 точки. Тој е Бразилец со американски пасош. Осомничен е за финансиски малверзации и измами. Се терети и дека се оженил со својата сопруга само поради документи.

Рожерио , кој е оженет со Американка, веќе отпушти шест адвокади и сега сам се застапува во судот. 42 годишниот тркач со автомобили инсистира на поротата да и го пушти домашното порно видео во кое во главна улога се тој и неговата сопруга , како главен доказ, на фактот дека не се оженил со Американка за да добие трајна дозвола за престој во САД.

-Погледнете го видеото и се ќе ви биде јасно – им порачува Рожерио на поротниците.

Судијата во овој случај Робин Розенбаун го изнесе овој предлог пред поротата , но уште еднаш го замоли обвинетиот да размисли, бидејќи видеото ќе ја загрози приватноста на неговата сопруга, пренесува Хафингтон пост. Но тој смета дека нејзината приватност е незначајна во споредба со тоа што тој може да заврши во затвор од 5 до 20 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top