| четврток, 6 декември 2018 |

Роберт де Ниро: Татко ми беше геј

robert de niro

Оскаровецот Роберт де Ниро сними филм во чест на татко му по кој го добил името. Иако имал три години кога ги напуштил него и мајка му, актерот баш се му има простено.

“Имав три години кога се разведоа, татко ми повеќе не сакаше да живее во лаги, па на мајка ми и призна дека сака мажи”, вели 70-годишниот актер.

Ѕвездата на филмовите “Казино”, “Таксист”, “Во добро и зло” чекал повеќе од 30 години за да ја открие семејната тајна, за татко му кој умрел во 1993-та од рак на простата.

“Денеска е тешко да се биде геј. Замислете само колку нему му било тешко да живее во лага и да признае во тоа време дека е хомосексуалец и да се носи со товарот. Филмот го снимив поради моите деца. Сакав да го запознаат дедо им и да бидат горди на него”, изјавил Де Ниро.
Таткото на актерот бил сликар, а Де Ниро се уште го чува неговото ателје во Њујорк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top