| четврток, 6 декември 2018 |

За буџет да се расправа најмногу 10 работни дена – измени во Деловникот

Последната серија од амандмански блокади и бескрајни расправи во собраниските тела ја натерало владејачката ВМРО-ДПМНЕ да поднесе предлог за имена на собранискиот Деловник – објавува утрешен Дневник.

Според информациите на дневниот весник измените на Деловникот од утре треба да влезат во собраниска процедура. Ќе бидат гласани по скратена постапка. Предлагач на измените е пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски. Тој предвидува ограничување на дискусијата при уставни измени, при носењето на законите со европско знаменце како и при носење на законите кои се надлежност на комисиите за финансирање и буџет и на комисијата за економски прашања.

По последните инциденти во постапката на донесување на Буџетот за 2013 година, владејчката ВМРО-ДПМНЕ предлага претресот за предлог-буџетот во матичното работно тело, но и во Законодавно-правната комисија да може да трае најмногу  10 работни ден. Новите измени треба да овозможат паралелна расправа во Комсијата за финансирање и буџет и во Законодавно правната комисија, што беше причина опозицијата да направи вистинска драма во ова собраниско тело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top