| четврток, 6 декември 2018 |

Фифи: Еден ден чекорете во моите чевли, па коментирајте дали носам прслук

fifi

-Јас кога ке видам дека некој човек успева во животот и се бори за да го постигне тоа што го сака не можам да си дозволам да плукам по него и да се однесувам исфрустрирано поради начинот на кој тој човек избрал да се претставува себе си. Видов кои луѓе од македонската естрада (луѓе кои искрено ги почитував ) водители, естрадни уметници и wanna be спонзоруши водителки кој за жал не можат никако да успеат плукаат по мене и мојот досегашен успех. Епа драги мои “СОВРШЕНИ КРЕАТУРИ” , повелете еден ден да чекорите во моите чевли и после коментирајте дали јас носам прслук и дали сум маж или жена. Срамота за јавни личности да се понашаат исфрустрирано, срамота бидејќи баш тие јавни личности како такви треба да шират позитивна енергија на народот и да се борат за еднаквост и почитување на различноста, доста ни е од луѓе кои само знаат да плукаат во јавност а не придонесуваат ништо добро, СРАМОТА! МРШ! – напиша Фифи на својот профил, по низата критики упатени на нејзивно име од страна на некои јавни личности.

Се чини најголем дел од постот се однесува на водителот Дамјан Дренковски кој напиша:

– Никој не МУ го оспорува гласот на Фифи, никој не МУ ја оспорува желбата на Фифи да успее во животот со музичка кариера, ама ПРСЛУК да носи МАЖ испод хаљина шиена за во STAR WARS, не е здраво. Колку и да имаме либерални сфаќања, ПРСЛУК да носи МАЖ и да е горд на тоа е ЈЕЗИВО и ПЕРВЕРЗНО! Што е следно? Да му падне ВЛОШКА од под ТАНГАТА?! Абе ајде…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top