| четврток, 6 декември 2018 |

Станислас Вавринка е новиот шампион на Австралија Опен

Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка во финалето на отвореното тениско првенство во Австралија во Мелбурн го победи тенискиот рекет број еден во светот Шпанецот Рафаел Надал со 3-1 (6-3, 6-2, 3-6, 6-3) во сетови. Тој го освои првиот грен-слем во кариерата.

Tennis Australian Open 2014
Супериорната победа паѓа во сенка на повредата на грбот на Надал кој се пожали на повреда во вториот сет при резултат 2-1 во гемови за Вавринка. Тој се повлече во соблекувалната и доби медицински третман, но не успеа да се врати во вториот сет и го загуби со 6-2. Надал увиде дека не може да се движи перфкетно на теренот и пробуваше со „винери“ да му парира на противникот. Во тоа успеа и го победи третиот сет со 6-3. Сепак болките во грбот беа очигледни и Надал мораше да признае дека Станслас Вавринка е подобар од него и заслужено загуби во четвртиот сет, а воедно и во финалето.
Ова е прва победа на Вавринка над Надал во кариерата по 12 порази по ред.

Tennis Australian Open 2014
Швајцарецот на овој грен-слем играше фантастично елиминирајќи ги првиот и вториот светски рекет по цели 21 годинa на еден турнир. Во четвртфиналето тој го победи и Србинот Новак Ѓоковиќ.
Со оваа победа Вавринка на новата АТП листа ќе се искачи на третото место и после 14 години ќе му го одземе приматот на Роже Федерер како најдобар швајцарски тенисер.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top