Професорката Билјана Ванковска ја испитува можноста да се кандидира за претседател на Македонија. Докторката по политички науки проверката на јавното мислење за нејзината евентуална кандидатура за претседател на земјава го спроведе на својот фејсбук профил. Доколку на својот статус добие повеќе од 2 000 гласа, ќе смета дека има сериозна поддршка од јавноста. Ванковска, според статусот би одела како независен кандидат, за што и се потреби 10.000 потписи. Таа напиша:
Сакам да направам една проверка (немам пари за истражување на јавно мислење ) Се слушнаа голем број коментари дека меѓу досега споменуваните можни кандидати за претседател на РМ нема ниту една жена, а дека сите се/ќе бидат партиски определени или блиски до партиите. Да не зборувам за „консенсуалниот кандидат“… Мнозина, и на ФБ и на улица, ми велат „професорке, што не се кандидирате?“. Прашувам …конкретно: колкумина од вас ќе стават лајк на идејата да соберам 10,000 потписи за независна кандидатура? Најмногу лајкови сум добивала за сликите од мојот Дарио, и за по некоја бомбастична колумна или изјава, ама овде ќе треба далеку повеќе од тоа. Ако добијам повеќе од 2000 лајка ќе сметам дека станува збор за сериозна поддршка. Јас лично се обложувам дека ова нема да се случи, ама за оние кои постојано ме обвинуваат дека не сум доволно одважна, еве да направиме проверка.
За неполни 20 минути од објавување на статусот таа собра над 130 лајка. Ќе биде ли Ванковска првата Македонка кандидатка за претседател на Македонија?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Ванковска: Бојкотирам сме ние, видливото мнозиноство од кое се плаши оваа забегана власт!
-
Ванковска: Она горчливо чувство кога кривичниот прогон не ти дава чувство на правда и сатисфакција!
-
Зелените партии со најголеми изборни победи во Западна Европа викендов


