| четврток, 6 декември 2018 |

Шумахер никогаш нема да биде тоа што беше

sumaherХематоми се забележани на мозокот на возачот на формула 1, Михаел Шумахер, поради што лекарите се скептични за неговата состојба. Поранешниот член на медицинската комисија на ФИА, д-р Гери Хартштајн, истакна дека се многу мали шансите здравствената состојба на Михаел Шумахер да се врати во нормала, по несреќата што ја имаше на скијање, а по која сѐ уште се наоѓа во индуцирана кома. Оттогаш седумкратниот Ф1 шампион имаше две операции на мозокот, а Хартштајн тврди дека тој има повреди и на централниот и на левиот дел од мозокот.

За жал, многу е веројатно дека има уште хематоми, на левиот и на централниот дел од мозокот, а не само на десниот сегмент. Таа зона е од исклучителна важност, затоа што таму се наоѓаат центри кои ја регулираат свеста, чувствата, контролата на крвниот притисок, дишењето и голтањето,изјави д-р Хартштајн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top