| четврток, 6 декември 2018 |

И љубовта има рок на траење?

По три и пол години, почнуваме лицето со кое сме во врска да го зимаме здраво за готово, многу работи одеднаш „се подразбираат“, „те сакам" помалку го слушаме, но и изговараме, а сонот станува поважен од сексот

jx2471
Кога вљубеноста почнува да бледнее, партнерите се повеќе одат на спиење во различни времиња, и ноќите кога сте се милувале пред телевизорот, заминуваат во историја – заменувајќи ги со внимателно следење на вашите омилени серии.

Само неколку години по почетокот на заедничкиот живот или бракот,  престануваме да се трудиме околу партнерот. Жените “се запуштаат“, мажите престануваат да се грижат за себе, и двата партнера забораваат дека за добар и среќен однос, потребно е внимание, напор и секс, и „те сакам” и „дојди во кревет”, и бакнеж пред работа и добра ноќ …

Опасно е ако се лизнете во тој модел на однесување, а тоа да не го регистрирате. Но, ако забележите дека тоа се случува да вашата врска оди во непознато, тогаш не е изгубена. Љубовта навистина е најважна, но таа не се подразбира. Потрудете се, не чекајте вашиот партнер да го направи првиот потег. Изненадете го лицето кое го сакате со организирање на викенд патување некаде каде што ќе можете да уживате еден со друг, или „украдете” вечера за вас двајцате, без телефони и компјутери … Дотерајте се без причина, малку шминка и секси фустан наместо тренерки во кои вообичаено сте дома, наместо фризура наместо коса прибрана во коњско опавче може да направи чуда.

И, пред да одмавнете со главата со презир … Сето тоа е тривијално, но тоа ќе ве потсети и колку сте среќни што имате некој што го сакате и кој најмногу ве сака. Зарем тоа не е добра причина да започнете уште со филмски бакнеж пред да заминете на работа?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top