| четврток, 6 декември 2018 |

Како изгледа македонското собрание по изградбата на куполите (фотогалерија)

До крајот на оваа година се очекува да заврши доградбата, надградбата, адаптацијата и зајакнувањето на зградата на Собранието на Република Македонија. Новиот адаптиран лик на објектот надворешно е одбележан со двете мали и големата купола во стакло. Законодавниот дом ќе влезе во категоријата на енергетско ефикасни објекти, со што ќе се обезбеди заштеда како при негово загревање така и при ладење.

Досега е завршен левиот дел од главниот влез на Собранието, каде спаѓа сутеренот ресторанот, во приземјето Спомен собата АСНОМ, Струшката соба, Банкет собата и Клубот на пратениците, нагоре во оваа вертикала се работни простории што се на првиот и на вториот кат од објектот, како и делови од надградбата, чиј што еден крак е веќе вселен, две од шесте сали за состаноци во надградбата се готови и дваесетина работни канцеларии кои се веќе вселени.

Како што објави државната новинска агенција, МИА, една од двете мали куполи, со дијаметар од шест и висина од три метри, е веќе подготвена за уредување со мебел. Двете сали под овие куполи ќе бидат со поинаков лик од вообичаените
сали за седници на собраниските тела.

Салата под големата купола конструктивно е готова и покриена. Има површина од шестотини метри квадратни и е покриена со големата купола со дијаметар од 32 метри и висина од десет метри. Куполата е изработена е од два вида стакло. Во долната зона има потемно стакло, во горна зона тоа е посветло и нивното спојување ја формира буквата „М“.

фото: МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top